ИСТОРИЈА

Пријавете се за 10.10 - 12.10.2020

Историја на тенисот низ годините во Кочани

          Тениските терени во склопот на спортско рекреативниот центар ЗОРИК,се изградени од страна на КЈП Водовод од Кочани. Во 1991г во употреба беа пуштени 2 терени, а по неколку месеци уште 2 терена.   Во продолжение кон градскиот стадион се изградија и два терени за тенис со асфалтна подлога, од кои едниот терен подоцна е пренаменет во кошаркарско игралиште. Исто така во 1991г. е изграден и бетонски тениски зид за тренирање,  веднаш до оградата со градскиот стадион.

           Останатите два терени до тенискиот зид се изградени  во 1995г. и пуштени во употреба во 1996г. како помошни терени, за првиот FUTURES тениски турнир во Кочани. 

           Тенискиот клуб АКВАТЕН од Кочани е формиран од раководниот тим на КЈП Водовод од Кочани во 1992г. и уште од самиот почеток за тренер е ангажиран професорот по Физичко воспитување Ангелчо Колев, кој на почетокот работи под менторство на Деспотовски Ѓурица кој беше испратен од страна на МТФ за помош во развојот на тенисот во Кочани.  

Понатаму тренерот Колев учествува на:

Coaches symposiums and workshops:
ITF Level 1 certificate Skopje-Macedonia Oct -1996
ITF Level 1 certificate Jan-1999
ITF Level 2 certificate Nov-1999
ITF Level 3 certificate May -2000

Се стекнува со сертификати и лиценци за тениски тренер од ниво 3.

“Servis seminar for advance players” Skopje-Macedonia
Apr-2005 Hrvoje Zmaic- Tennis Europe development officer

 “MTF &ITF” seminar –program for player develop age 12&under ” Skopje Macedonia Sep – 2012 Ales Filipcic ITF expert

      Колев  е тренер во ТК Акватен до денес и во текот на сите овие години бил дел од развојниот комитет при МТФ, како и дел од повеќе тимовите кои работеле и патувале  со напредни натпреварувачи од македонија до 12, 14, 16 и 18г.  

Во ТК Акватен исто така повеќе од 20г. успешно како тренер работи и Иванов Влатко – кој има учествувано на;

 Coaches symposiums and workshops:
ITF Level 1 certificate Skopje-Macedonia Oct -1996

       Исто така од страна на раководството на ТК Акватен во 1998г во клубот беше ангажиран и Маринковиќ Дејан тренер од Ниш – Србија, (во период од 6месеци), кој подоцна стана и долгогодишен тренер и селектор на  сите селекции во македонскиот тенис.

Во тенискиот клуб АКВАТЕН од Кочани во периодот од изминатите 28г. продифилирале голем број на деца кои тренирајки тенис имаат постигнато забележителни резултати, како државни прваци и освојувачи на турнири во сите категории на натпреварување, и биле во врвот на сите ранг листи на МТФ до 12, 14 16 и 18г.  Некои од нив имаат учествувано на меѓународни турнири и имале ETA  и ITF ранкинг.

  Имињата на овие тенисери нема да ги споменувам (несакајки некого да изоставам) бидејки се во голем број, а многумина од нив биле дел од националните тимови на Македонија, кои на разни натпревари достоинствено го претставувале ТК Акватен и Република Mакедонија.

   ТК Акватен во изминатиот периот има организирано голем број на турнири во рамките на календарот на МТФ. Како државни првенства , отворени првенства, и др.  но  посебно внимание заслужува организирањето на три последователни (1996,1997 и 1998г.)  ITF FUTURES DEVELOPMENT тениски турнири со награден фонд од 10 000USD. На кои учествувале играчи од целиот свет со ранг на  ATPлистата.  Како куриозитет да го споменеме  тоа дека турнирот во 1997г. го освои Ненад Зимоњиќ од Србија, кој подоцна стана еден од најдобрите светски играчи во двојки.